Од летни, одиме директно на зимски температури

498
20151020 Tuesday 1317 dozd esen vrne nevreme vrnezlivo dozdlivo loso vreme ladno tmurno

Температура под нулата за утре наутро најавуваат метеоролозите на повисоките места и по одделни котлини.

Според прогнозата, утре температурата под нулата ќе се спушти во Берово на минус четири, Маврово минус три, Крива Паланка минус два и Битола минус еден. Во другите делови ќе биде над нула, а максималната утринска ќе достигне шест степени во Гевгелија.

Во петок утринската ќе се движи од минус три до седум степени, додека од сабота се очекува облачноста да се зголеми и утринските температури насекаде ќе бидат позитивни. Можни се и повремени локални врнежи од дожд.

До петок времето ќе биде стабилно. Преку денот времето ќе биде претежно сончево со пораст на дневната температура. И утре ќе дува умерен, а локално засилен североисточен ветер.

Дневната температура ќе се движи меѓу 17 и 26 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...