Николоски: Преку Собранието готват фалсификат на денот на гласањето

1425

Власта реши да дискутира за сѐ освен за содржината на договорот. Бегаат од детална дебата за содржината на договорот, затоа што знаат дека немаат аргументи и дека нити е зачувано името на државата, нити е зачуван македонскиот национален идентитет. А, од друга страна немаме никакви гаранции за понатамошна интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на средба со граѓани на Центар.

– Следната работа која што е факт е дека одбегнуваат да ги прикажат на јавноста уставните амандмани иако тие се суштината и срцето на договорот. Се оди во акт на една нервоза и паника во последниве денови на силни притисоци кон луѓето, да излезат да гласаат онака како што власта очекува. Се прави притисок на јавната администрација, се прави и притисок на приватниот бизнис и тој притисок е се поочигледен и се поголем – рече Николоски.

Тој додаде дека за среќа на Македонија наидува на силен отпор помеѓу граѓаните и последното навистина што загрижува се идеите да се направи фалсификат на самиот ден на гласање , затоа што Собранието не дозволи да има официјални набљудувачи од страна на политичките партии кои што би можеле да реагираат на евентуални неправилности.

– Но и тоа нема да помине имајќи предвид дека граѓаните се организираат да ги мониторираат и набљудуваат овој процес како што имаме информации преку разни здруженија на граѓани. Но исто така ќе бидат будни и членовите на ВМРО-ДПМНЕ и секој евентуален потег или желба да се фалсификува волјата на граѓаните или да се намести самиот процес ќе наиде на силен и масовен отпор од страна на народот – рече Николоски и додаде дека волјата е јасна, забележителна, значаен дел од граѓаните се против договорот, најголем дел одлучуваат да остануваат дома и тоа е она што го очекуваме во недела.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...