Пет лица се повредени од кои едно потешко во сообраќајна несреќа на три возила што денеска околу 12.30 часот се случила на регионалниот пат Желино-Групчин, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според Јосифовски во сообраќајната несреќа учествувале „голф “ со скопски регистерски таблици управуван од С.А.(74) од скопско Бојане, „фолксфаген туран“ со тетовски таблици што го управувал тетовецот Ш.Г.(57) и „Опел“, исто така, со тетовски таблици управуван од З.И.(29) од тетовско Ларце.
Во несреќата возачот на „голфот“ С.А. се здобил со тешки телесни повреди – скршеница на вратен пршлен и по укажаната помош во тетовската клиничка болница итно бил префрлен на скопските клиники. Двајцата други возачи и двајца сопатници од „туранот“ завршиле со полесни повреди и биле пуштени на домашно лекување.
Екипа од СВР Тетово извршила комплетен увид и работи на утврдување на причините и се друго поврзано со оваа сообраќајка.