Собранието има доверба во ДИК и ОБСЕ/ОДИХР за успешно спроведен референдум

187

Собранието и неговото Координативно тело за спроведување на референдумот имаат целосна доверба во работата на ДИК, во надлежностите на меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР, во намерата на невладините организации како претставници на граѓаните кои го набљудуваат процесот. Во суштина, Собранието кое е избрано од граѓаните не може да ги контролира граѓаните, затоа што граѓаните го контролираат Собранието, а не спротивното, изјави претседателот на Собрание, Талат Џафери, во реакција на изјавата на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев за тоа дека Собранието нема да пријави набљудувачи на процесот на гласање во недела.

Втор аспект, објаснува Џафери во реакцијата, се финансиите.

– Ајде кажете од каде пари? Кој ќе го финансира тоа? Политичките партии? Па политичките партии немаат право да делегираат набљудувачи. Тие ќе има право доколку се пријавеа во ДИК како учесници, па од сопствени средства да си ги регулираат односите, затоа што Законот за референдум пропишува учесници во пропагандата да можат да бидат сите кои од сопствени средства ќе ги платат трошоците. Сега, како јас да ги вклучам партиите? Како Собранието да им ги плати трошоците? Тоа е работата – реагира Џафери.

Тој забележува дека изјавата на Јанушев единствено ја разбира како изјава дадена од дневно-политички побуди и потреби.

-Кој што ќе изјавува е работа на тие што изјавуваат, но треба да се каже дека работите не се такви како што се претставуваат – изјави Џафери.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...