Министрите да учествуваат на неформалните министерски состаноци на ЕУ

69

Министрите на денешната владина седница ја разгледаа и ја прифатија информацијата за програмата и приоритетите на австриското претседателство со Советот на Европската унија, со календар за одржувањето на неформалните министерски состаноци на ЕУ.

На седницата ресорните министри беа задолжени доколку добијат покана за учество на неформалните министерски состаноци на ЕУ да учествуваат на истите, а по одржувањето на состаноците во рок од 15 дена да ги известат Владата, МНР и СЕП.

Исто така, МНР е задолжено да ги координира подготовките за учество на неформалните министерски состаноци на ЕУ.

Виена за време на нејзиното претседателство ќе се фокусира на безбедноста на Унијата (борбата против нелегалната миграција преку обезбедување на надворешните граници на Унијата), одржување на европската конкурентност преку дигитализацијата и стабилноста во поблиското соседство на Австрија (интеграција во ЕУ на земјите од Западниот Балкан).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...