Во штипската болница хоспитализирано уште едно лице со симптоми на труење од виничката сендвичара

106

Во штипската Клиничка болница на инфективното одделение е хоспитализирано уште едно лице со симптоми на труење, а кое во текот на викендот јадело сендвичи од виничката сендвичара.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска вели дека лицето е примено со дијареа и повраќање и е под лекарски надзор.

Инаку, на инфективното одделение со новиот случај бројот на хоспитализирани достигна до осум. Резултатите од земените мостри се уште не се готови и се очекуваат во текот на утрешниот ден, а сендвичарата е затворена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...