Модриќ најдобар фудбалер за 2018 година

87

Хрватскиот репрезентативец, Лука Модрич беше избран за играч бр.1 на ФИФА за 2018 година.

Плејмејкерот на Реал Мадрид го победи поранешниот свој соиграч во Реал Мадрид, Кристијано Роналдо и напаѓачот на Ливерпул – Мохамед Салах.

– Голема чест е да бидам тука пред вас со оваа голема награда. Сакам да им честитам на Мохамед Салах и Кристијано Роналдо. Сигурен сум дека Мо ќе има нова можност да се избори за оваа награда. Оваа награда не е само за мене, туку за сите со кои работев во последниве години. Благодарам на моето семејство, без кое не би бил тој играч и личноста во која се претворив. Им благодарам на фановите од целиот свет за одличната поддршка што ми ја даваат. Благодарност и на сите што гласаа за мене – изјави Лука Модриќ по добивањето на наградата.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...