Познат е и идеалниот тим од минатата сезона во изборот на ФИФА.
На врвот на нападот се најголемите ѕвезди на светскиот фудбал – Кристијано Роналдо и Лионел Меси, кои сепак не присуствуваа на церемонијата во Лондон.
На ниво на клуб, најмногу претставници има европскиот клуpски шампион Реал Мадрид – пет. На национално ниво тоа е светскиот шампион Франција.
Еве како изгледа идеалниот тим за 2018-та според ФИФА:
Голман: Давид Де Хеа (Шпанија, Манчестер Јунајтед);
Одбрана: Рафаел Варан (Реал Мадрид, Франција), Дани Алвеш (ПСЖ, Бразил), Серхио Рамос (Реал Мадрид, Шпанија), Марсело (Реал Мадрид, Бразил);
Среден ред: Лука Модриќ (Реал Мадрид, Хрватска), Н’Голо Канте (Челзи, Франција), Еден Азар (Челзи, Франција);
Напад: Килијан Мбапе (ПСЖ, Франција), Кристијано Роналдо (Реал Мадрид / Јувентус, Португалија), Лео Меси (Барселона, Аргентина).
ФОТО: Твитер ФИФА