Ахмети: Бојкотот е оружје на злобниот

333

Демократската Унија за Интеграција одржа собир со граѓаните на Општина Сарај, каде пред граѓаните претседателот Али Ахмети рече дека земјата се наоѓа во многу важни и одлучувачки моменти за иднината на земјата, за Албанците и сите граѓани на Република Македонија.

– 30 септември, ден што нема да се повтори, бидејќи на 30 септември се одлучува за иднината на ова земја. Дали ова земја ќе оди напред или ќе седи во место на недефинирани позиции. Секоја вечер се праќаат пораки од разни председатели на земјите од Европа, тие се наши пријатели и ѝ посакуваат добро на нашата земја, ѝ посакуваат добро на Македонија. Тие упатуваат повик нашите граѓани позитивно да се изјаснат на 30 септември и да гласаат ЗА договорот, да гласаат за НАТО, да гласаат за ЕУ, за мирот, стабилноста, безбедноста, иднината, владеењето на правото и правната држава. Бојкотот е оружје на злобниот, не на демократијата што ние ја инсталиравме во земјата – рече Ахмети.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...