УЕФА почна истрага против ПСЖ

173

Европската фудбалска централа УЕФА започна нова истрага против францускиот шампион ПСЖ за нарушувањето на финансискиот ферплеј.

Во јуни оваа година, Комисијата задолжена за негово почитување се произнесе дека францускиот клуб не ги прекршил правилата и на тој начин ПСЖ се спаси од сериозна санкција.
УЕФА ја обновуваат истрагата и ќе ги прегледаат повторно сите документи обезбедени од ПСЖ.
УЕФА објави дека „го враќаат случајот за понатамошна истрага“.
Во август 2017 година, францускиот гигант го привлече Нејмар од Барселона за рекордни 222 милиони евра, а потоа си ги обезбеди услугите и на Килијан Мбапе од Монако за 180 милиони евра, иако на почетокот, напаѓачот играше под наем на „Парк де Пренс“.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...