Мицкоски: Не барам амнестија за Груевски

3027
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, извесен период не комуницира со неговиот претходник, Никола Груевски, рече тој одговарајќи на прашањето „По колку пати дневно се слуша со Груевски?“.

Тој во неговото гостување на Топ тема на ваша страна на Телма ТВ, одговараше и на прашања од гледачите, па по тоа колку пати контактира со претходникот, следуваше и прашање дали Мицкоски преговара за амнестија на Груевски?

– Не – категорично одговори тој додавајќи дека сака да ги отфрли сите информации кои се појавуваат околу оваа тема.

Зборувајќи на тема за референдумот, тој индиректно кажа дека биде успешен не планира да си поднесе оставка.

– Одгоорноста на политичкиот лидер се бара на избори кога се бираат пратеници – рече Мицкоски.

ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...