И на Балканот контроли за „мајмунски сипаници“ од Западна Европа

554

Српските здравствени власти соопштија денеска дека засилиле мерки за надгледување на граничните премини по појавата на случаи заболени од т.н. „мајмунски сипаници“ (Monkeypox) во држави од Зпадна Европа.

Во Министерството за здравство е формирана посебна група за следење и контрола на тоа заболување. За таа болест засега не постои вакцина и досега се потврдени случаи во Велика Британија. Со тој вирус се заразени патници кои во таа држава дошле од Нигерија.

Вирусот на човек се пренесува  со консумирање месо или контакт. Пренесување од човек на човек е ретко, но не и неможно.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...