„Мишко“ се враќа од Детроит, со врзани очи

2315

Добро е – скоро помина… среќно. Нашиот Мишко запали свеќа, а не ја запали црквата. Да видиме со зградата на ОН. Се гледа дека протоколот му работи, па не ја испил ни водата за миење раце, а и домаќинот не го исколнал, до деветто колено, оти не му обезбедил средба со некој равен на себе. Не дека не му нашле нему равен, но тој не сакал да се среќава со нови клошари. Доста му биле оние околу него. Во ОН е друго. Тие и онака за ништо не служат, па што и да тропнеш – поминува, со малку смеа и драпање. Мишко наш таму ќе го претставува Мицковски и братијата од судот. Што самиот претставува е содржано во ликот на Мишко од „Ко тамо пева“, со една разлика: Мишко сакаше да ја избегне бандерата, а Иванов мисли дека не ја погодил.

Но, да баталиме приказни, работава е сериозна… ако се заебаваме.

Хотелот во кој престојувал, бил обезбеден на максимум… од осигурителна компанија, со истата премија како и при ураганот Катрина. Специјално им наплатиле на ова хотелиериве и за дезинфекција, дезинсекција и дератизација, после престојот. ОН преживеала секакви будали, па за нив не е проблем.

Сега ќе се враќа во рикверц од Њу Џерси до Македонија. Од Детроит до Њу Џерси го возеше раскантаниот автобус на Мицковски. Нему му е целта да ја погоди бандерата, а не како вистинскиот Мишко да ја промаши.

Врзува очите со чорапите од Груевски, навира гаќите од Мицковски на глава, зема наочарата – дар од Ивона и „банзаиии“. Бандерата нема шанси, кога Мишко Иванов вози.

Но, Америка е ова. Највисоката бандера да ти била обелиск. Дополнително, ова обелисков немал врска ниту со Паљурци, ниту со Апостол Павле, па фали приказна: Обелискот да ти бил од вчера, а Мишко е антички – не оди таа приказна. Не е проблем за Мишко. Тој може да поврзи сѐ. Така, реши Павле Вујисиќ да го беатификува, да биде Апостол Павле (50% е погодена работата: Павле е Павле). Искуството со Мајка Тереза добро му дојде овде. Штом е Павле кондуктер, тој е „капетан брода“, што Апасиев правно му го протолкувал, Каракамишева оставила трага од едно извиткано жолто влакно на „лиценцата“, а на крај, истата ја отпеа Агатангел, депонирајќи го привлечниот траг под мантија: „Госпоѓо помилуј“.

Обелискот ќе го рушел, оти тој бил симбол на тиранијата на неверниците и луѓето без семка и корен, кои сакаат да го сменат името од ФИРОМ во Северна Македонија.

За Мишко ништо не е проблем, оти мозокот не му тежи. Тој уставот го толкуваше како натпис на тоалетна хартија, па не житијата. Така, Павлета го додаде на светите рушители Мицковски и Пандов, го остави Груевски без ајвар годинава, оти му го ангажира Бачев да го трие со „руска вода“ и вклучи навигација. Дека е Павле, и овој и оној, мртов, му помогна Џон Крокодилов: „ве лажат ова комуњариве“. Потоа дадоа заедничка изјава за идентитетот. Крокодилов рече дека тој го чува македонскиот идентитет во кутија кај чевлите и не го дава никому, а на Мишко му го чувал Груевски и му давал да сѝ поигра со него, заедно со другарчињата од 2014 – та.

Нишанењето на обелискот може да почне: Руска навигација, вемереовска моторика, неандерталска логика, и… терај Мишко!!! Светли Павле!!!

Но, навигацијата, како многу пати до сега, не работела ако нема сибирска зима. За таму бил правен компасот. Наместо во обелискот, автобусот ги одведе до аеродром. Мишко сакаше да го избегне срамот и да направи „кикирики“ со посребрениот прибор, што го украде од хотелот, но, му текна дека нема толку мозок за да има срам.

Приборот му го зедоа пред да се качи во авион, за да го оневозможат. Мишко повторно се снајде. Ова му е мајката: бандерата – обелиск ќе ja гаѓаме со авион.

Одма скова план да ја освојат кабината на пилотот со шармирање на стрјуардесите. Богат македонски бизнисмен ќе ѝ рече на едната „зашто дама седи сама“, а тој ќе ѝ намигне на втората. Ќе сфати жена му, штом се работи за идејата, иако не знае која? Тие ќе ја видат неговата античка супериорност и ќе ги следат неговите команди: „па ти седни“, „па ти стани“. Ги извади гаќите од глава, ги одврза чорапите од очите и тргна. Ова за малку ќе се случеше, да знаеше каде е кабината и да немаше толку силна пропаганда, за да го збунат Мишко: наместо WC напишале „rest room”. Цел час го држеле внатре, додека нему не му текна да ги заврти сите копчиња, па, откако пушти вода и од чешма и во тоалетот, сапун, парфем… се попре на вратата, која се отвори. Мишко се врати на седиштето, а на соработниците, единствена работа им била да го спречуваат овој да фаќа по тоа рачките.

Кога се разбуди, сфати дека му е, сепак најдобро, да ги врати и чорапите и гаќите и да продолжи со својата револуционерна активност, против референдумот, оти „љубовта кон Македонија е слепа“. Слепилото продолжи и со патриотите од Њу Џерси, кои ќе му помогнат да ја најде зградата на ОН, откако ќе ручкаат и ќе ги врзат чорапите на Гоце Делчев на очите (купени на најновата аукција на долен веш на нашите револуционери) и ќе му ги покажат македонските играорни групи од католичкото училиште.

Автобус на располагање немаше и пак бандерата – обелиск куртули.

Хорхе ќе ги удостои тоа гостите на 73 – то заседание, со обвинување на НАТО и ЕУ, ќе им одржи лекција за правото на самоопределување и ќе ги собере сожаливите погледи на дипломатите, кои ќе го погледнат рускиот претставник со нишање со главата, а овој ќе им одврати со дигање раменици, во стил… „знаете, што да правиме… тоа е примитивна земја“.

На враќање, можно е, Мишко Иванов да најде одговор на енигмата: како тоа авионот, иако се враќа „назад“, не вози во рикверц, како што е со автобусот. Последниот пат, кога го праша Мицковски за тоа, овој само воздивнал: „Премалку сум платен за ова… Ај Хорхе, навлечи ги тоа гаќите, ај те молам“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...