Искршени стаклата на два штаба на СДСМ во Куманово

176

Оштетени се стаклата на два одделни штаба на политичката партија СДСМ во Куманово. Случјот го потврдија и од МВР, од каде што информираа дека кај нив настанот е пријавен денеска во 10.40 часот.

Според МВР, искршени се по три прозорци на два штаба, едниот лоциран на улицата Илинденска, вториот на Тоде Думба. Во врска со настанот, соопштија од полицијата, приведен е 34-годишниот Д.С. од Куманово.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, денеска информираше дека е запознаен за инцидентот и дека случајот уредно е пријавен во полиција.

– Оставам на истражните органи да го најдат сторителот и да одговара за тоа што го има сторено, изјави Димитриевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...