Во 19,10 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера, од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив била донесена повредена С.П. од Скопје која била физички нападната од нејзиниот свршеник С.Ф.
Истиот ден околу 11 часот С.П. отишла во домот на нејзиниот свршеник по што настанала расправија и тој физички ја нападнал. Околу 18,40 часот истата со такси возило заминала во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде од страна на лекар и била констатирана тешка телесна повреда и била задржана на понатамошно лекување.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.