Во разговор од 9 јануари 2013 година во предметот „Титаник” меѓу екс-шефот на УБК, Сашо Мијалков и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, Мијалков дискурира за издавањето македонски државјанства на луѓе од Кичево, оти, како што рече претходно, од ДУИ забележале, а му реагирал Муса Џафери.
Јанкулоска на тоа вели:
– Знае и премиерот за тоа. Цела година го тераме. Нека си го тера дури не реагираат”, вели Јанкулоска. „Ние си теравме така и во Кичево, Ресен, Охрид… Мора да престанеме, оти тоа оди како посебна точка на Влада” , му вели Јанкулоска на Мијалков.
Таа објаснува дека гледала кога има ситуација и кога се деконцентрирани во Владата да ги стават како точка на дневен ред. Станува збор за приближно 400 државјанства.
– Нив тоа им текнува. Нив тоа им пречи – му вели Јанкулоска на Мијалков дека станува збор за место со претежно албански гласачи.
– Нема ништо незаконско во тоа, ама нашите таму се неорганизирани. Мала Преспа е друго, поблиску е до граница – вели Јанкулоска.
Јанкулоска на Кирил Божиновски пак во разговор од 27 август му вели дека треба порано да најдат адреси за гласачи.
– Порано Љубе правеше таква глупост. Пример: Димче Мирчев без број – му раскажува ексминистерката на Божиновски.
– Сакаме да ја завршиме работата, ама да не бидат како војска. Да не ја шириме по одбори – се посочува во разговорот./Макфакс