Полицијата фати тројца албански државјани кои во торби пеш преку граница сакале да пренесат 40 килограми марихуана.
Тие биле откриени во непосредна близина на границата со Грција во околината на селото Лажец, по што биле приведени во полициската станица за граничен премин Меџитлија.
Марихуаната, како што информираа од полицијата, била спакувана в 36 пакувања во две поголеми торби.
Акијата се спровела вчера и во неа учествувале полицајците од СВР Битола и од станицата за граничен премин и надзор Меџитлија.