Скурлетис: Каменос да не создаде проблеми во владата поради македонското прашање

200

Сметам дека не е веројатно Каменос и Независни Грци да сменат мислење за содржината на Договорот од Преспа, но не треба поради тоа да се поништат причините зошто беше формирана коалициската влада, вели новоизбраниот генерален секретар на централниот комитет на СИРИЗА, Панос Скурлетис во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА.

Скурлетис вели дека ги почитува ставовите на Каменос и индиректно го повикува коалициониот партнер да не создаде проблеми во работата на владата.

– Сметам дека не е веројатно Каменос и Независни Грци да сменат мислење за содржината на договорот. Ниту некој го бара тоа од него. Но, она што треба тој да го земе предвид е следното: дали несогласувањето во ова важно прашање, кое што не е основа на нашиот договор кога започна оваа влада, кога ја формиравме коалицијата, дали е причина да ги поништи причините зошто бевме заедно и во јануари 2015 и во септември 2015 – вели Скурлетис и додава дека е голема политичката одговорност на Каменос.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...