Шетањето по Месечината е работа за астронаутите, но тоа не е причина ние на Земјата да немаме можност да ја видиме. Музејот на Месечината е на турнеја по Европа.
Музејот на Месечината е уметничка инсталација која ја направил британскиот уметник Лук Џерам. Скулптурата е со големина од седум метри, и на посетителите им е овозможено д видат фотографии на вистинската Месечина со која е облепена скулптурата.
Дека скулптурата е веродостојна да ја имитира месечината потврдила и НАСА. Во пречник од 1Ч500,000 значи дека секој сантиметар претставува пет километри на вистинската Месечина.
Исто како што Месечината ротира околу Земјата, ни Музејот на Месечината не е стациониран на едно место туку патува по светот.
Инсталацијата летово го помина во Кина, а на есен се враќа во Европа и ќе ги посети Велика Британија, Франција, Холандија, Германија и Финска. По Европа Музејот оди во Мелбурн каде ќе остане до 2019 година.