Тинејџер си играл со пиштол и си пукал во глава

1187

Седумнаесетгодишен Новосаѓанец ранет е во глава и лекарите се борат за неговиот живот,  дознава „Блиц“.

Повикувајќи се на полициски извори , прелиминарните резултати на истрагата покажуваат дека момчето случајно од пиштол испалило еден куршум и самиот се погодил во главата.

– Инцидентот се случил околу еден часот по полноќ додека повреденото момче си играло со пиштолот во присуство на неколку другари. Според сведоците, пиштолот случајно испукал веројатно поради нестручно ракување и го ранил несреќното момче, така што заклучивме дека не станува збор за обид за убиство ни самоубиство – изјавил за Блиц извор близок на истрагата.

Момчето во бесознание со Итна помош е пренесено во Детската болница и се наоѓа на Оделението за интензивна нега со прострелна рана во главата во пределот помеѓу образот и слепоочницата.

– Момчето е во исклучително тешка состојба со рана опасна по живот. Тој е под перманентен надзор на лекарите – велат од Детската болница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...