Пахор: Навиваме за вас, се надеваме на најдоброто, среќно Македонијо ВИДЕО

244

Верувам дека ќе сакате да донесете одлука со која на Македонија широко ќе и се отворат вратите кон иднината. Навиваме за вас, се надеваме на најдоброто. Среќно Македонијо, вели во видео пораката до македонските граѓани словенечкиот претседател Борут Пахор во пресрет на референдумот.

– Драги македонски пријатели. Во недела ќе одлучувате за вашата судбина. За судбината на вашите деца и внуци. Ќе одлучите според ваша совест, како што вие мислите дека е најдобро за вашата иднина и иднината на вашите деца. Како Ваш пријател сакам да ви кажам, тоа е мојата оценка, дека за Македонија, за Европската унија, за Европа, за сите нас, а најмногу за вас, најдобро е да го поддржите договорот, и со тоа широко да ја отворите за Европската унија и НАТО – вели Пахор во видео пораката.

Тој на македонските граѓани им порачува дека „на овој свет ништо не е идеално, вклучувајќи го и овој договор, затоа разбирам дека има дискусии и мерења за тоа кој е во право, а кој не“.

– Во Словенија исто така минавме низ тешка одлука и се најдовме на историски важна раскрсница, да им дадеме предност на храбрите одлуки, на зрелите одлуки, одлуки со кои и отворивме врата на иднината и не ни е жал за тоа – наведува шефот на словенечката држава во видео пораката до македонските граѓани во пресрет на референдумот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...