Јагодите со игли пристигнаа и во Нов Зеланд

776

Психоза за контаминираните австралиски јагода се шири во Нов Зеланд, каде еден синџир супермаркети денеска соопшти дека во една кутија со јагоди, по потекло од Австралија, се пронајдени игли за шиење.

Трговскиот синџир „Каунтдаун“ соопшти дека повлекува марка австралиски јагода откако откриле игли во кутијата со овошје во продавница во Оукленд.

Овошјето со потекло од Западна Австралија минатата недела се продаваше во сите продавници на тој синџир во Нов Зеланд, а беше забележан само еден инцидент.

„Ние многу сериозно ја сфаќаме безбедноста на храната”, се вели во соопштението на портпаролот на компанијата. „Купувачите можат да ги вратат во продавницата сите јагоди од марката „Чоиз“ а парите ќе им бидат во целост вратени“.

Синџирот, исто така, ги советуваше корисниците да ги пресечат јагодите и од други австралиски марки пред да ги јадат.

Во Австралија, полицијата евидентираше стотици инциденти поврзани со игли или шпенадли во овошје, по првите случаи во државата Квинсленд, во североисточниот дел на земјата.

Вулвортс Австралија, фирма-мајка на „Каунтдаун“ ги повлече иглите од нејзините полици поради психозата, а исто така и како „мерка на претпазливост”.

Владата на шкотскиот премиер Скот Морисон во четвртокот успеа во Парламентот да го помине законот со кој саботажата на храна предвидува затворска казна од 15 години.

– Членството во НАТО ќе ви ја даде вам и на вашите деца сигурноста што доаѓа кога стедел од најуспешната светска алијанса, и ќе даде на вашата земја рамноправен глас во нашите дискусии и рамноправно изјаснување во нашите одлуки, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...