Сега е време вашите гласови да бидат слушнати. Ова е можност што се укажува еднаш во животот. Вратата на НАТО е отворена. Но, само граѓаните на вашата земја можат да одлучат да ја поминат. Затоа, вашата иднина е во вашите раце. Ве чекаме во НАТО, порача денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
Ген-секот на НАТО граѓаните на Македонија ги поздрави со „Добар ден“ на македонски јазик.
– Повторно покажавте храброст да го пробиете вашиот сопствен пат кон неизвесност, мир и безбедност. Историскиот договор за спорот со името ја отвора можноста за рамноправно членство во меѓународната заедница, вклучувајќи го рамноправното членство во НАТО -рече Столтенберг.