Биоенергичар од Битола со иницјали М.Н., според пријава во полицијата, вчера извршил полови дејствија врз 16 годишна девојка од Скопје, која отишла кај него со нејзината тетка.
– Во СВР Битола е пријавено дека вчера околу 11 часот 16-годишна девојка од Скопје со нејзината тетка од Битола, отишла кај М.Н– биоенергичар од Битола, при што истиот врз неа извршил полови дејствија допирајќи ја во пределот на градите, телото и интимните делови, наведува денеска Министерството за внатрешни работи во редовниот Билтен.
СВР Битола презема мерки за расчистување на настанот.