Џошуа го нокаутира Поветкин ВИДЕО

440

Британецот Ентони Џошуа го победи рускиот боксер Александар Поветкин синоќа во Лондон на „Вембли“ со нокаут во седмата рунда.

Британецот ги одбрани титулите во верзиите на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО.

-Имав многу тежок противник, тој тоа го докажа со добри удари. Можеби пред неколку години не би ја добил оваа борба. Победата е заслуга на мојот тим и на луѓето кои помагаат во кампот за трнинзи – изјави Џошуа.

За 28-годишниот Британец ова беше 22. победа на исто толку борби во својата професионална кариера.

Поветкин го претрпе вториот пораз во 37-от меч.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...