Сончево со слаб северозападен ветер

68

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од седум до 16, а дневната од 25 до 33 степени.

УВ-индексот изнесува 6.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне до 31 степен.

Од понеделник кон крајот на денот ќе настапи значителна промена на времето која и во наредните денови ќе услови зголемена облачност, повремени врнежи од дожд, засилен северен ветер и опаѓање на дневната температура во поголем дел од земјава за повеќе од 10 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...