Македонските фудбалски репрезентативци Александар Трајковски и Илија Несторовски имаа значаен придонес во најновиот триумф на Палермо. Тимот од Сицилија попладнево во 4.коло од Серија Б ја победи Перуџа со 4:1.
Трајковски најпрво му асистираше на Белуши во 14.минута, а потоа постигна гол во 58.минута. Ова за него е втор погодок во новата сезона.
Својот првенец го забележа Илија Несторовски кој во листата на стрелците се запиша во 18.минута, а 50 минути подоцна (68.минута) од пенал го постигна својот втор гол на натпреварот.
Со новите три бода Палермо се искачи на 3. место на табелата со две победи и два нерешени исхода.