Единаесет години, кркаа, ждереа, не се заситуваа и сереа. Ја усмрдеа државата, ги контаминираа институциите, ги отруја заслепените со лавовска урина и фекалии како главно мени на мкд патриотизмот по кој ајваните ги заштитуваа маркираните грмушки и катакомби, отсликани во велелепни зданија опкружени со високи ѕидови и стражари со гајтанчиња на ушите, а идиотите влегуваа таму каде ќе им биде наредено. Ако треба и ќе убијат, само да ги заштитат маркираните локации во кои се сместени „лавовите – кралеви“ на џунглата Македонија…
Некој покажа и докажа дека таму и таму смрди, дека корне, и дека повеќе не се издржува. Јавноста побара помош и ја доби. Некој друг им влезе во гнездата со посраните пелени, ги отвори, и пушти вода. Тогаш, патриотите за последен пат се посраа, од страв. Лажните лавовски кралеви станаа мачиња. Паѓаат во несвест од фактот дека им се откриени срањата, дека некој им ги доближува до носевите за да ги помирисаат и да признаат дека се нивни, па имаат проблеми со тахикардијата, со аритмијата, со абдоменот, со запушување на доводот на кислородот во плитките мозоци. Паѓаат пред легнатите дрвени чекани на правдата, далеку пред тие да се вивнат во раката на судиите и да треснат врз масата испраќајќи тап и сув звук кој трае тука и сега, а во нивните уши и празни лејки ќе одекнува како несопирливо ехо од клатното на ѕвоното на Соборниот храм, со години, со денцении, а за некои доживотно…
Оние неколку јебиветарски глутници кои сѐ уште повикуваат на бојкот и апстиненција талкајќи по последните нишани од урината и фекалиите врз мкд грмушките на нивните лажни патриоти, само заслепено шашардисуваат низ саваната на отворена сцена, на чии трибини гласно им се смеат и мунгосите и мајмуните, чекајќи го денот кога јатата лешинари, кои, трпеливо кружат над нив, ќе се спуштат да ги исколваат. А онаму, под дебелите сенки на ретките дрва, итро и концентрирано демнат хиените за да ги доколваат. И замислете, сите беа во истите редови пред само две години. Е, таа претстава ќе биде последната за нив, претстава после која се отвараат широките хоризонти на Европа и Светот, на прогресивното и здраворазумно мкд пучанство. Ќе се емитува во живо, а првата епизода следува на 1 Октомври 2018 година, или, ако сакате пред полноќ на 30 Септември истата година, откако ќе се објават првите резултати од референдумот. Едни ќе ги изеде правдата, другите, ќе се изедат… Тенкју… 🙂