Да учиме од Западот

664

Во Бугарија и во голем број земји од развиените демократии е забрането да се кандидира за пратеник во Собранието лице кое има и друго државјанство освен државјанството на земјата во која се кандидира за претставник на народот во власта. И тоа се смета за сосема оправдано бидејќи не може тој да им биде слуга на двајца господари.

А кај нас еден Васил Пишев, пратеник од ВМРО ДПМНЕ и кој знае уште колкумина,бидејќи тоа не е забрането, си имаат и бугарски пасоши. Тоа пак не ги спречува да се чаталат со изјави дека нема да гласале во собранието за одлуки со кои на Македонија и се отвора патот за членство во НАТО и во ЕУ. Тие едноставно веќе живеат во таква членка и имаат имот во неа.

Со Изборниот закон во Велика Британија,на сите британски државјани кои живеат подолго од 10 години во странство им се одзема по автоматизам да гласаат на избори или референдуми во Велика Британија. Кај нас човек може да е иселен од земјава и пред 30 години и пак има право да одлучува дали нашата земја да влезе во НАТО и во ЕУ и какви пратеници ќе имаме.

А веројатно нема земја во светот во која лице осудено за злочини против човештвото како Јохан Тарчуловски, на кого му се суди и за отворањето на вратите во Собранието за да влезат оние што направија обид за убиство во Собранието, да биде се уште пратеник во Собранието и да се колне со бакнување на кама и револвер дека со својот глас ќе го спречи влегувањето на Македонија во ЕУ и во НАТО.

И можеби затоа сме таму кај што сме.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...