Жените ќе маршираат за права

220

Платформата за родова еднаквост и активистките за женски права денеска по повод 8 Март ќе одржат марш за правата на жените.

Маршот ќе почне од Жена Парк, преку плоштадот Македонија, Камениот Мост и ќе заврши на плоштадот Филип Втори. Со него ќе се испрати порака дека родовата еднаквост е важен фактор кон постигнување на демократско и еднакво општество.

На маршот се поканети да учествуваат новинари, претставници на државни институции, општини, комисии за еднакви можности, невладини организации, пратеници и претставници од дипломатскиот кор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...