Со сечење на џиновската пастрмајлија почна 12. издание на штипската „Пастрамјлијада“. На свеченото отворње присуствуваа и евроамабсадорот Самуел Жбогар и вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шеќеринска.
– Пред неколку дена заедно со еврокомесарот Јоханес Хан имавме прилика да го посетиме Штип и тогаш штипјани ни рекоа дека не постои само Скопје, туку има и други градови во Македонија кои се убави и навистина ми е многу драго што можевме да излеземе од Скопје да ја видиме самата традиција. Навистина ние во Европската унија ставаме посебен акцент на зачувување на традицијата. Јас уживав вечерва, вели Жбогар.
Министерката за одбрана Шеќеринска истакна дека викендов сите патишта ќе водат кон Штип, а како што рече особено и е мило што оваа вечер организаторите ја исконбинирале домашната храна, со домашната музика.
– Имавме прилика да слушаме одлични домашни автори и ова покажува дека нашите опшштини, нашите институции водат сметка да го зачуваме и да го надградиме она што е добро и она што е наше. Владата на Република Македонија не учествуваше во организацијата, но, можеме само да дадеме честитки на општина Штип, заради тоа што покажа дека овие денови вниманието и очите се насочени кон Штип, како центар на македонскиот исток. Навистина ми е драго што и еврокомесарот Хан, кој вообичаено беше само гостин во Скопје имаше прилика да види и колку е убава Македонија и надвор од главниот град и што беше гостин тука и ја испрати пораката дека и Македонија и Штип морат да бидат европски, рече Шекеринска.
Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски очекува и во наредните денови Штип да го посетат голем број гости од земјава и странство, кој покрај тоа што ќе ја вкусат пастрмајлијата и штипското стопанство да има економски бенефит.
– Ги повикувам граѓаните, нашите сограѓани да бидат добри домаќини и овој викенд да биде исполнет со многу дружење и со многу забава, рече Бочварски.
Во рамките на манифестацијата вечерва настапија Кристина Арнаудова, Дани Димитриевска, Влатко Стефановски, а по 23 часот ќе настапи и белградската група Ван Гог. Во текот на утрешниот ден ѕвезда да вечерта е Северина, кога се очекува и голем број на гости. Штипската апстрамајлија на штандовите се продава по цена од 120 денари.