И Нухиу можел да издаде наредба на 27 април, тврди одбраната

1237

 Агим Нухиу, сегашен заменик министер во МВР, а за време на крвавиот четврток на функција министер во техничката влада, на 27 април можел да издава наредби бидејќи како прв човек на полицијата имал ингеренции.

Ова одбраната на обвинетите од МВР во случајот со упадот во Собранието, се обидува да го докаже преку испрашување токму на Нухиу кој подолго од 4 часа сведочи во Кривичниот суд.

Нухиу во досегашното сведочење тврдеше дека само Митко Чавков како директор на БЈБ и раководител на штабот формиран за оваа намена, имал златна команда која може да ја има само еден човек.

Испрашувањето на Нухиу од страна на адвокатите продолжува откако беше направена пауза бидејќи обвинетиот Мунир Пепиќ се пожали дека не се чувствува добро. Откако судијката Добрила Кацарска повика Брза помош за да му ја провери состојбата, го продолжи рочиштето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...