Полицијата вчера уапси кавадарчанец во Струмица под сомнение за обид за убиство како и за повеќе кражби во станови во повеќе градови во државата.
Според информациите од МВР, на 6 јуни околу 11 часот осомничениот И.С. (37) по телефон ѝ се јавил на неговата пријателка Р. А. која била во село Сопот и со такси возило ја земал и ја однел во село Бегниште. Кога заминале кон гробиштата, Р.А. му кажала дека е бремена, по што И.С. извадил нож и ја прободел во стомакот.