11 новинари од исто толку медиуми И 10 судии се дел од новоформираниот судск-медиумски совет.
Целта на ова советодавно тело е подобрување на комуникацијата на судиите и новинарите, односно поголема транспарентност за работата на судовите, кои во овој момент се институции со најмала доверба кај граѓаните.
Една од првите задачи на овој совет ќе биде подобрување на начинот на кој што се известува од судниците.
Мандатот на сите членови ќе трае 2 години, а работењето ќе биде без надомест.