Чаир веќе влезе во НАТО ГАЛЕРИЈА

1631

Градоначалникот Петре Шилегов и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ардијан Муча, денеска присуствуваа на промоцијата на новата зелена јавна површина – нов парк на улица „Дижонска“ во општина Чаир. Впечатливо е дека некои од цветните аранжмани се уредени во симболот на НАТО.

– Зазеленувањето останува на врвот на листата на приоритети на Град Скопје. Го реконструиравме паркот на улица Дижонска во вкупна површина од 5.860 квадратни метри. Реконструкцијата опфати хортикултурно уредување на јавната зелена површина, отстранување на шутот и подигање нов тревник. Исто така, се постави и нова хидрантска мрежа со систем за полевање со прскалки, каде беа поставени поп ап прскалки – изјави Шилегов.

Тој додаде дека симболично паркот го промовираат на Светскиот ден на мирот со цел да ги поттикнат европските вредности за зачувување на животната средина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...