„И зборовите повредуваат“ – кампања против насилство во училиштата

126

Првата детска амбасада во светот Меѓаши од денеска, 21 септември, Меѓународниот ден на мирот, почнува кампања против врсничкото насилство кое, како што велат од таму, за жал е сѐ поприсутно, особено во училиштата низ државата.

Кампањата ќе се одвива и развива во текот на целата учебна година на национално ниво под слоганот „И зборовите повредуваат“, а за училиштата под слоганот ,,Булинг? НЕ во моето училиште“.

Во рамки на кампањата ќе бидат поделени материјали за учениците и ученичките од вклучените училишта во програмата за мировно образование при Детската амбасада со содржини кои го промовираат ненасилството и поттикнуваат на подобро меѓусебно разбирање. Дел од промотивните материјали се објавени и на албански и турски јазик, а во текот на учебната година ќе бидат објавени и на јазиците на другите етнички заедници.

Во рамки на кампањата преку целата учебна година ќе бидат одржани серија обуки за наставните кадри на тема ,,Булинг“ и како да се превенира и работи на намалување на врсничкото насилство и последиците од истото. Во рамките на училиштата ќе се одржат серија активности, работилници, форум-театри, танц-театри, дискусии на темата ,,Булинг“…а исто така ќе биде објавен и прирачник за наставниците. Во склоп на другите печатени материјали децата ќе имаат можност да се запознаат на повидлив начин со ЅОЅ контактите за деца и млади при Детската амбасада Меѓаши на 0800 1 2222 – бесплатна телефонска линија (само преку фиксен телефон) и на 02 2465 316 како и на sos@childrensembassy.org.mk и на фесјбук-траницата https://www.facebook.com/SOSHELPLINEMEGJASHI.

Целта на кампањата е препознавање, навремено и адекватно реагирање на различни случаи на врсничко насилство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...