Гласањето ЗА на референдумот значи почнување на преговори за зачленување во Европската Унија, порача лидерот на Беса Афром Гаши од Тетово.
– Едно силно ДА на референдумот значи да станеме дел од НАТО а со тоа и поголемо присуство на меѓународната контрола во Македонија во борбата против корупцијата, поголем придонес на меѓународната заедница за подобрување на благосостојбата на граѓаните и владеење на правото – рече Гаши.
Тој порача дека секое поглавје што ќе се отвори во преговорите со ЕУ ќе биде еден механизам кој Албанците го побарале уште во 90-тите години овозможувајќи на овој начин да се отвори вратата за целосна еднаквост на сите граѓани во Македонија.