Села: Ако во ДУИ има мажи, ќе ја напуштат Владата ако не помине Законот за јазици

Алијансата за Албанците го нарекува предавство на СДСМ повлекувањето од Законот за употреба на јазиците, пренесува АлсатМ.

2892

Алијансата за Албанците го нарекува предавство на СДСМ повлекувањето од Законот за употреба на јазиците, пренесува АлсатМ.

Зијадин Села денеска потсети дека сегашната влада е формирана токму со условот за донесување на Законот за употреба на јазиците и оти пратениците на Алијансата биле гарант за мнозинството во Парламентот.

– Овие политички игри на СДСМ ми личат на нејзино враќање на својот идентитет и својот извор. Овој Закон за употреба на јазиците требаше да се донесе во 2004 година како нормативен дел од Охридскиот договор. Токму СДСМ и ДУИ беа тие кои не го донесоа овој закон тогаш – изјави Зијадин Села.

Села додава дека во овие случаи ДУИ веќе треба да ја преразгледа својата позиција на власт.

– Ова е кршење на договорот и мажите во овие случаи се знае каков чекор треба да преземат. Ако имаат мажественост и се одлучни во креирањето на политиката, ДУИ мора да седне и да разговара за ова прашање со Зоран Заев и ако не помине Законот за употреба на јазиците, мора да ја напуштат владата – вели Села.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...