Ако успее референдумот, ВМРО ќе отиде ли во историјата?

852
Референдумот ќе се одржи. И без едните или другите. Ќе се одржи. Ќе се дознаат и резултатите. Едни ќе бидат победници, други губитници. Едните ќе слават, а другите ќе тагуваат.
На 1 октомври пак ќе се роди нов ден. Со сонце или со облаци. Сепак, ќе се роди. Повторно ќе бидеме Македонија. Северна или Република. Сеедно! Пак ќе бидеме Македонија. Пак ќе говориме на мајчиниот македонски јазик.
Ако референдумот биде успешен победниците ќе ја „носат“ Македонија во НАТО и ЕУ. Ќе слават. Ќе ни дојдат гости од секаде. Како што ни дојдоа, пак ќе ни дојдат. Да честитаат! Ќе дојдат и да им подадат рака за пат во Европа.
Ако пак, не успее, е тогаш мора да се подготват нови предвремени избори. Ќе мора повторно да се плука, да се пцуе.
Но, дали во оваа наша Македонија некоj се прашал што ќе биде ако изгубат поддржувачите на ВМРО? Тогаш што ќе биде со оние четири свети букви за секој Македонец? Ќе отидат ли во заборав!? Ќе се завиткаат во крпче и ќе се стават ли во архивите и музеите?
Или ВМРО ќе биде на сите Македонци? Ќе нема поголеми и помали Македонци. Ќе нема едни што повеќе ја сакаат Македонија од други. Сите еднакво ќе ја сакаат Македонија.
А виновник? Дали ќе има виновници за „паѓањето“ на ВМРО!? Ќе останат ли во него оние кои „трубеа“ дека македонскиот народ ќе го бојкотира референдумот и нема да го прифати Преспанскиот договор! Ќе останат ли ако имаат образ!?
Ако референдумот не биде прифатен од народот тогаш оние од ВМРО ќе бидат победници! Со право ќе слават и со право ќе бараат нови предвремени избори. Тогаш СДСМ ќе мора да си ги „спакува“ куферите и да замине во Европа, во Америка, Канада или во Австралија. Нема да има Европска Македонија! Тогаш на ВМРО нема да му требаат предвремени избори. Ќе бидат сами.
Ќе нема, ако има избори, по кого да плукаат. Ќе се шират! Но, дали тогаш ќе ја има Македонија!?
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...