Кампања на „Цивил” во Крива Паланка: „Гласам, значи постојам”

60
Граѓанската организација „Цивил” вечерва организираше промотивна кампања за запознавање на граѓаните со значењето на референдумот и важноста од искористување на правото на глас на 30 септември.
– На граѓанките и граѓаните во државата им укажуваме колку е важно да излезат на референдумот и да го остварат и искористат нивното уставно и законски загарантирано право на глас за да го искажат својот став. Не е важно дали ќе гласаат за или против или како по сопствено убедување ќе го дадат својот глас, важно е да учествуваат во одлучувањето за подоцна да немаат простор и причина да кажат зошто се одвиват работите на овој или оној начин, рече Билјана Јордановска од „Цивил за слобода”.
Активноста е дел од проектот „Гласам, значи постојам” што „Цивил” го имплементира со финансиски средства од Американската амбасада  во Македонија.
Според Јордановска, организацијата е веќе вклучена во набљудувачкиот процес на кампањата за референдумот, следејќи ги говорот на омраза и лажните вести кои се објавуваат, а свои набљудувачи ќе има и на денот на референдумот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...