Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, во врска со информациите објавени на еден портал дека гранитни коцки од Скопје се редат во дворот на неговата викнд-куќа во Маврово рече дека се работи за лажни написи и додаде оти очекува извинување од порталот. Тој посочи дека објектот нема гранитни плочки.
– Информациајта што ја шири тој портал е обична лага, класична дезинформација со цел да се дефокусира јавноста од процесите на европеизација на Македонија бидејќи јас сум еден од фронтмените на СДСМ и сметам дека таквите напади не се ништо друго туку обид да се изедначиме сите во политиката – рече Шилегов.
Тој додаде дека во политиката во Македониоја не се сите исти и оти тоа граѓаните веројатно го препознаваат.