Ќерката мора да се грижи за запуштената мајка во Аеродром

Според изјавата на ќерката, таа повремено ја посетувала мајката. Жената е корисник на пензија и има стан во нејзина сопственост. Согласно со Законот за социјална заштита, Центарот за социјална работа нема надлежност да постапува бидејки ќерката има обврска да се грижи за мајката, за нејзината здравствена состојба и одржувањето на личната и хигиената во станот

1412

Во станот каде вчера беа пронајдени користени пелени од каде се ширеше смрдеата поради која беше евакуирана целата зграда во општина Аеродром, живеела сама 65-годишна жена.

Неофицијално жената е во лоша здравствена состојба.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на денешната прес-конференција кажа дека таа одбила да бие згружена и оти очекува семејството да добие соодветна социјална заштита.

Со неа порано живеела и нејзината 90-годишна мајка, но таа починала во јануари годинава, а досега никој не пријавил кај социјалните служби дека треба да се преземе нешто.

Од Центарот за социјална работа не даваат информации во каква здравствена состојба е жената која живее во станот, но кога е во прашање социјалната грижа, според Законот за социјална заштита, тоа е обврска на детето, во случајот ќерката.

– Според изјавата на ќерката, таа повремено ја посетувала мајката. Жената е корисник на пензија и има стан во нејзина сопственост. Согласно со Законот за социјална заштита, Центарот за социјална работа нема надлежност да постапува бидејки ќерката има обврска да се грижи за мајката, за нејзината здравствена состојба и одржувањето на личната и хигиената во станот​ – велат од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Скопје.

Стручен тим, велат оттаму, ќе го нагледува случајот во иднина, социјалните работници се на терен и разговараат со ќерката за да ѝ укажат на нејзините законски обврски, кои се однесуваат на грижата за нејзината мајка.

Смрдеата на амонијакот од употребените пелени синоќа ги крена на нозе жителите во зградата кај ТЦ „Скопјанка“, кои поминаа неколку часа на улицата додека екипи од неколку надлежни институции истражуваа која е причината и од каде доаѓа миризбата.

Случајот станарите го пријавиле станарите околу 19 часот со жалби дека ги печат очите. Најпрво, претпоставувале дека е фрлен солзавец, но расплетот беше неочекуван.

На терен прво излегле 11 пожарникари со 3 возила, кои ги отвориле сите врати од помошните простории, миризбата во зградата се изгубила освен од станот на 65-годишната жена. Покрај противпожарните екипи на терен излегоа и служби од Центарот за јавно здравје, Дирекцијата за заштита и спасување, Комулана хигиена, како и екипи на АРМ.

Откако беше откриена причината за смрдеата, станот беше исчистен, а имаше и дезинфекцијата на зградата. На станарите им се придружи и градоначалникот Петре Шилегов кој со видео снимка од станот ги убедуваше дека можат да се вратат во домовите.

Во подрумските простории од зградата, исто така, живее и бездомник. Таму беа пронајдени и десетици шишиња со урина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...