Партијата за Движење на Турците (ТХП) продолжува да ги информира граѓаните од турската етничка заедница за важноста на престојниот референдум кој ќе се одржува на 30-ти септември. Со таа цел ТХП синоќа организира средба во Куманово, каде се обрати и претседателот на ТХП, пратеникот Енес Ибрахим, соопшти партијата.
Енес Ибрахим на Турците од Куманово им потенцира дека единствената алтернатива за перспективна и стабилна Македонија е патот кон НАТО и ЕУ. Затоа и масовно треба да се излегува на референдумот и да се даде поддршка на оваа историска можност.
– Турците како лојални граѓани на оваа земја и во далечната 1991-ва масовно и едногласно беа за независна и суверена Македонија, не се сомневам дека истото ќе го сторат и на 30-ти септември и конечно нашата земја ќе се доближи до семејството на ЕУ, а тоа ќе значи економска, општествена, безбедносна преродба за сите граѓани – истакна Ибрахим.
Во Куманово делегацијата на ТХП имаше и куса средба со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.