Димитров – Могерини: Македонија се врати на европскиот пат

541

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, се сретна со високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини. Од кабинетот на министерот е соопштено дека станало збор за стабилноста на регионот и за европската интеграција на Македонија.

– Македонија се врати на европскиот пат, како со домашната реформска агенда, така и со влогот и решителноста за градење мостови и пријателство со соседите. Македонија денес е шанса, но и заедничка обврска со ЕУ, да покажеме дека не само што можеме да стопираме криза, туку и да создадеме неповратен успех – Република Македонија конечно да излезе од чекалната и да започне пристапни преговори со Унијата – изјави Димитров за МИА по средбата во Брисел.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...