Кристијано Роналдо имаше неславно деби за Јувентус во Лигата на шампионите. Португалецот синоќешниот дуел со Валенсија на гостински терен го заврши по само 29 минути, откако судијата Брих од Германија му покажа црвен картон.
Исклучувањето за Роналдо е прво во неговата кариера во настапите од Лигата на шампионите и доаѓа по наводно удирање на противничкиот играч Муриљо.
Роналдо многу емотивно ја прифати казната за која многумина сметаат дека е престрога.
Инаку, на Валенсија не и помогна ниту предноста од играч повеќе. Крајниот резултат е 2:0 за гостите од Торино.
ФОТО: Јутјуб