Германската министерка за одбрана во Македонија

149

Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лаин денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.

Пред Министерството за одбрана ќе биде организирана официјална церемонија за пречек на Фон дер Лаин, по што следуваат тет-а-тет средба со министерката за одбрана на Република Македонија, Радмила Шекеринска, разговори на двете делегации и изјави за медиумите.

Министерките Шекеринска и Фон дер Лаин ќе учествуваат и на панел-дискусија во организација на фондацијата Конрад Аденауер, на тема „Улогата на цивилното општество при процесот на интеграција во НАТО и ЕУ“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...