Полициски екипи и противпожарно возило се присутни пред еден од влезовите на зграда во ТЦ Скопјанка во населбата Аеродром, кои по пријава на станари дека почувствувале мирис и печење на очи се обидуваат да откријат за што станува збор, јави МКД.мк
Се претпоставува дека се работи за гас од некое пиротехничко средство.
Специјални екипи на МВР се на самото место. Се чекаат официјални информации од МВР.
ФОТО: МКД