УХМР: Внимателно движете се покрај реките

110

Најновите податоци од хидролошките станици се уште покажуваат благи покачувања на нивоата на реките. Поради променливото време и честите промени на температурата, топењето на снегот продолжува со променлив интензитет. Затоа УХМР, како што соопшти, во горните текови очекува постепени намалувања и стагнација, а низводно по теченијата соодветни зголемувања.

„Предупредуваме на внимателно движење покрај реките и суводолиците. Треба со внимателност да се пристапува на местата каде нема насипи и каде речните брегови се ниски и без заштита. Ова се однесува на течението низводно од Скопје и Таорската Клисура, низводно од Велес и Демир Капија и гевгелиско-валандовскиот крај. На хидролошките станици Велес и Демир Капија веќе има одредени покачувања“, велат од УХМР.

Во региони погодени со високи водостои сѐ уште постојат локални излевања и поплавени површини, главно во делови од горните текови на Вардар, Треска и Црна. Има и високи водостои на Пчиња, Сатеска, Бабуна, како и низводно по текот на Вардар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...