Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис беше импресиониран од амбиентот што го создадоа навивачите на Црвена ѕвезда на синоќешниот дуел со Наполи во Лигата на шампионите.
Тој додаде дека Наполи играл против навивачите.
– Ретко се гледа ваква слика низ Европа. И кај нас стадионот се полни и навивачите се бучни, ама овие на Црвена ѕвезда пееја во текот на целиот меч. Од нивните песни нашите играчи се успаа како бебиња во мајчина прегратка. Затоа не победивме – изјави Де Лаурентис.
Црвена ѕвезда и Наполи синоќа во Белград одиграа 0:0 во натпревар со малку шанси за гол.
ФОТО: Твитер