Ахмети: Ви гарантирам како брат, дека со членството во НАТО и ЕУ завршува сонот на Истокот да владее со Албанците

1169

Демократската Унија за Интеграција во текот на вчерашниот ден беше присутна во Општина Арачиново, каде на жителите на селата што припаѓаат во ова општина им се објасни важноста од гласањето на 30 септември за да се зачлениме во најголемата воена алијанса НАТО, гласајќи за Европска Македонија.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети истакна дека Албанците се луѓе со добра волја, го сакаат животот, иднината, ја сакаат слободата.

– Не се сомневам на определбата, ниту на силната волја на Албанците дека на 30 септември ќе и кажат да на Европа, да на НАТО, да на иднината. Албанците беа неиздвоен дел од процесот, ние бевме дел од решението на овој процес, дел од решението на овој спор. Ви гарантирам како ваш брат, дека со зачленувањето на ова земја во НАТО и Европската Унија завршува сонот на Истокот за да владеат со Албанците во овие простории. Излезете и гласајте ЗА Македонија на 30 септември, затоа што се одлучува нашата иднина, иднината на ова земја – рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Во средбата со граѓаните на Арачиново, во придружба на претседателот на ДУИ беа присутни вицепремиерот за европски прашања и пратеникот Ејуп Алими. За време на денешниот ден е предвидено средба со граѓаните во Општина Студеничани и Општина Шуто Оризари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...